ВИДЕО: Скопјанец тешко повреден во сообраќајка кај Ксамил

Од:

Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизијата Ора њуз.

Од сè уште непознати причини, Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот.

Возилото се движело од Саранда во правец на познатото одморалиште Ксамил. Возачот кој се здобил со тешки повреди е пренесен во регионалната болница во Саранда, но според последните информации е вон животна опасност.

Ова е трета сообраќајна несреќа овој месец во којa учествуваат македонски државјани.

На први август, на патниот правец Елбасан – Пеќин во директен судир учествувал македонскиот државјанин М.К.(38), со возило „мерцедес“, при што се здобил со полесни повреди. Во несреќата животот го загубил сопатникот во возилото „сузики“ управувано од жител на Елбасан.

На истиот патен правец, на петти август, дошло до садар на три возила, автомобил „шкода“, управувано од А.И.(45) жител на Кучово, кај Берат „алфа ромео“ управувано од Н.Х., како и автомобил „мерцедес“ управуван од Р.Б. државјанин на Северна Македонија.

Во несреќата животот го загубила сопатничка во шкодата, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи.

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Скопјанецот кој прегази жена во Марино возел дрогиран

Еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман

Катерина Ѓуровски

Загина жена во сообраќајка во скопско: возачот избегал, го издаде „Сејф сити“

Катерина Ѓуровски

Се преврте камион кај превојот „Барбарос“, загина возачот од Богданци

А1он

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он