Грција упати демарш до Турција околу сеизмичките истражувања во Медитеранот

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, утрово дал упатства до грчката амбасада во Анкара да достави демарш до турското МНР за издадената навигациска информација Navtex за сеизмички истражувања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Турскиот брод „Оруч Рејс“, според агенцијата, вечерва навлегол во најисточниот дел на грчкиот континентален гребен, но без да започне со истражувањата, иако веќе ги спуштил потребните кабли.

Според истите информации, во конкретната морска област се наоѓаат бродови на грчката воена морнарица кои на секои 15 минути испраќаат порака дека бродот се наоѓа во грчкиот континентален гребен.

„Оруч рејс“ го придружуваат бродови на турската воена морнарица, а Турција смета дека бродот се наоѓа во нејзиниот континентален гребен.

Шефот на грчката дипломатија имал телефонски разговор со неговиот германски колега Хајко Мас, а како што напиша Дендиас на „Твитер“, во фокусот биле „турските провокативни активности во Источниот Медитеран“.

Министерството за надворешни работи на Грција, како што претходно објави МИА, излезе со соопштение за како што вели, „новата нелегална турска информација Navtex за нелегални активности во грчкиот континентален гребен“, порача дека „Грција нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права“ и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос