Еден училишен ден на децата во Тексас: Маски за време на настава, дезинфекција на влез, физичка дистанца, паравани меѓу масите

Од:

Учениците од Тексас денеска ја започнаа новата учебна година, со физичко присуство, но сепак следејќи ги препораките од Светската здравствена организација. Наредени во редици, со 2 метри дистанца, тие чекаат да влезат во училниците.

Децата во државното училиште во Хјустон, ги следат часовите со заштитни маски на лицата и имаат паравани на масите.

Пред влезот во училницата, секое дете мора да ги дезинфицира рацете.

Сепак, забележително е дека училниците имаат голем простор, па одржувањето на дистанцата не е проблем.

Некои родители се потрудиле маската да ја направат како интересен аксесоар, па ја прилагодиле на на гардеробата на нивните деца, на првиот училишен ден.

Во Тексас, секој округ донесува одлука во однос на учебната година. Во некои окрузи, родителите имаат право да изберат дали детето ќе посетува онлајн настава или пак ќе оди во училиште.

Најголем број родители кои се решиле за втората опција се оние кои стравуваат да не ја загубат работата ако останат дома со своето дете, или пак оние на кои нема кој да им ги чува децата додека се на работа.

Прашањето дали новата учебна година треба да започне со физичко присуство или со онлајн настава, разгоре дебата низ целиот свет. Дел од родителите сметаат дека со физичкото присуство на децата во училиштата се загрозува нивното здравје и дополнително се шири Ковид-19. Другите пак сметаат дека на децата им е неопходно одењето во училиште, бидејќи онлајн наставата ја занемарува социјализацијата која им е потребна на децата.

Дебата за истото има и во земјава, но одлука се уште изостанува. Состанокот помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука за протоколите за реализација на наставата од 1 септември денеска помина без заклучоци и ќе продолжи утре.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека се разговара за предлозите за времетраењето на наставните часови и за потребата од измени на законите доколку тие бидат скратени од регуларните 40 во основно односно 45 минути во средно образование.

Исто така, се разгледува и потребата што би ја имале општините од дополнителна финансиска или друга поддршка за хигиена на училишните објекти, за превоз на ученици односно за спроведување на сите инструкции што ќе ги содржат протоколите. Тие ќе имаат детали за три вида настава во зависност од епидемилошката состојба во одредена средина – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски