Во Белград со денови огромни редици за тестирање за Ковид-19

Од:

Во Белград и денеска има непрегледни редови и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“.

Најупорните граѓани пристигнуваат да ги заземат своите места уште во 4.30 минути изутрина, за да бидат меѓу првите во осум часот, кога се отвораат вратите на лабораторијата, за да направат ПЦР тест.

Покај граѓани од цела Србија кои патуваат во странство за што им е потребен овој тест, има и државјани од Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак“ тестирањето за новиот коронавирус не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден.

Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август.

Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.

Во Србија како резултат на последиците од Ковид-19 официјално починале 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респираторите се наоѓаат 106 пациенти.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани