Уапсени шестмина – кај дел најдена марихуана, кај дел прашкаста материја

Од:

Од попладнето, па до 3 часот вечерта, уапсени биле шестмина скопјани, на различни локации, затоа што им била најдена марихуана или прашкаста материја, стои во полицискиот билтен.

Па така, во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АВНОЈ“ го уапсиле 21-годишниот М.Н., откако кај него била најдена прашкаста материја.

„По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Претходно, околу 2 часот утринава полициските службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“ уапсиле 20-годишна девојка откако кај неа нашле марихуана.

Марихуана била пронајдена и кај 29-годишен скопјанец.

Прашкаста материја и марихуана, пак, биле пронајдени кај 41-годишно лице од Скопје, на улицата „Анкарска“, а на булеварот „Кочо Рацин“, 37-годишниот Б.Ј. бил уапсен откако кај него била пронајдена прашкаста материја.

Би можело да ве интересира

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он