ОБСЕ со повик до владите за заштита на безбедноста на новинарите

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ повика денеска сите држави-членки да преземат вистински акции со цел безбедност на новинарите.

– Длабоко загрижува што во 21 век одбележуваме уште еден ден на слобода на медиумите во кој тема е безбедноста на новинарите. Заканите, заплашувањата и физичките напади врз претставниците на медиуми ескалираат, констатира таа на конференција на УНЕСКО во Сан Хозе.

– Потребно е секој член на медиум онлајн и офлајн да биде во состојба за работа без страв од насилства и заплашувања. Бебзедноста е основен предуслов за слободно изјаснување и слободни медиуми, наведе таа.

Мијатовиќ заедно со три известители за слобода на медиумите од ОН, Организацијата на американски држави и Африканската комисија за човечкови и граѓански права, кои присуствуваа на конференцијата на УНЕСКО покрена заедничка декларација за заштита на слободата на изјаснување.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on