Двокатен панорамски автобус за туристичко разгледување на Охрид

Од:

Градот Охрид денеска од Владата на Република Македонија доби на подарок панорамски двокатен автобус од кинескиот производител Јутонг наменет за туристичко разгледување на градот.

– Големиот христијански празник Велигден можеме да го одбележиме со свеченото предавање во употреба на панорамскиот двокатен автобус, донација од Министерството за транспорт и врски кој е целосно опремен за туристичко разгледување на градот, изјави  градоначалник Никола Бакрачески по примопредавањето.

Тој посочи дека со новиот автобус ќе се збогати туристичката понуда на Охрид.

– Со овој современ автобус ќе им овозможиме на туристите кои го посетуваат Охрид по прв пат во историјата на градот да можат панорамски да го разгледаат, рече Бакрачески.

Нагласи дека градот Охрид најверојатно ќе добие уште два исти автобуси од Владата на Република Македонија и додаде дека со три панорамски автобуси ќе може да се оформи линија која ќе придонесе за значајно зголемување на туристичката понуда.

– Трасата по која ќе се движи панорамскиот автобус се уште не е одредена. Чекаме стручните служби да изнајдат најдобро можно сообраќајно решение за обиколка на градот, а ние ќе ги следиме невните инструкции, посочи Бакрачески.

Охридскиот градоначалник најави дека ќе ги искористи сите можности што ги има за подобрување на патната инфраструкутра во Охрид и кон Охрид и додаде дека како приоритетни патни правци во програмата се зацртани делниците од Кичево до Охрид и од Охрид до Свети Наум.

– И двата патни правци ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија. Ние како локална самоуправа почнавме со реконструкцијата на патиштата кои се во наша надлежност, а од вторник ќе започне и асфалтирањето на неколку улици кои беа предвидени со програмата, рече Бакрачески.

Во врска со реакциите од граѓаните дека се проширила зоната за наплата на паркинг простор во Охрид, Бакрачески рече дека проширувањето на зоната за наплата на паркинг е донесена со одлука на поранешниот Совет и градоначалник на Охрид.

– Тоа по мене е многу несовесна одлука. Пресметано е дека доколку градот Охриид би стопанисувал со овие паркинзи намесот концесионерот добивката би била неколку кратно поголема, истакна Бакрачески.

Појасни дека покрај договорот за наплата на паркинг на плоштадот и на околните улици поранешните локални власти потпишале и договор за проширување на зоната на паркинзите кои се наплаќаат.

– Договорот е потпишан под многу сомнителни околности, бидејќи комисијата која била надлежна за негово одобрување по трите предупредувања од Антикорупсциската комисија јавно се произнесла и ја прекинала постапката. И покрај тоа тгашниот градоначалник Александар Петрески самоволно го потпишал договорот, рече Бакрачески.

Додаде дека за наредната седмица на барање на советниците  закажана е седница на Советот на која ќе се расправа за состојбата со паркинг просторите. Формирана е стручна комисија, појасни, која ќе ја испитува постапката и регуларноста на договорот по што ќе се донесе решение.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум