Лукашенко: Намерно ме заразија со коронавирусот

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за руски „Спутник“ изјави дека неговото заразување со Ковид-19 не е случајно.

Тој за медиумот изјави дека болеста му била подметната.

„Ми го подметнаа коронавирусот, сега тоа го истражуваме“, рече претседателот.

Лукашенко, исто така, додаде дека болеста ја прележал на нозе и во полесна форма.

„Можат да ме убијат, но никаде нема да избегаат“, додаде тој.

Лукашенко кон крајот на минатиот месец пред јавноста кажа дека имал коронавирус без симптоми и дека веќе оздравел.

– Денеска, се среќавате со човекот што успеа на нозе да го преживее коронавирусот. Лекарите тоа вчера го заклучија. Асимптоматски – рекол Лукашенко за време на посетата на белоруската војска минатиот месец.

Шеесет и петгодишниот лидер не сакаше да воведе рестриктивни мерки или да ги затвори границите за да го сузбие ширењето на коронавирусот.

Претходно, тој ги отфрли стравовите поради пандемијата како психоза и предложи вотка и бања во сауна за борба против вирусот.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија