ВИДЕО: Силната експлозија во Бејрут почувствувана и на Кипар

Од:

Експлозијата која предизвика голема материјална штета во либанскиот град и усмрти неколку стотици луѓе, била толку силна што се почуствувала и на островот Кипар.

Според локалното население, експлозијата која се случила на околу 240 километри одалеченост од островот, предизвикала вознемирeност и луѓето помислиле дека се работи за терористички напад на некој од кипарските градови.

На социјалните мрежи, луѓето споделија неколку фотографии на кои се гледа како портокалова магла го покрива небото.

Вчера, кипарската влада испрати два полициски хеликоптери со кучиња спасувачи да помогнат во операцијата за пронаоѓање на исчезнатите лица во Бејрут.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски