Градоначалникот на Штип Благој Бочварски изјави денес дека се бара начин како да се одржи 35-тото јубилејно издание на фестивалот „Макфест“, додека поради ситуацијата со Ковид-19, градот ја откажува годинашената манифестација „Пастрмајлијада“
„Фестивалот „Макфест“ оваа година слави 35 години од постоењето, јубилеен фестивал којшто и пред да сапочне оваа состојба со Корона вирусот сакавме да биде посебен заради тоашто тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите.
Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ за првпат да се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода“, кадешто ќе се одржат две фестивалски вечери,“ изјави Бочваров.
„Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест“ од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле,“ рече градоначалникот.
Дополнително оваа година нема да се одржи настанот „Пастрмајлијада“, поради состојбата со вирусот „Ковид 19“.