ВМРО-ДПМНЕ: Струјата поскапува, а државната ЕСМ троши 50.000 евра на купување вода

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која ја обвини државната компанија дека троши три милиони денари на набавка на газирана и негазирана вода за РЕК Битола, во време кога поскапува струјата.

Еве го целиот, интегрален текст на пресот на ВМРО-ДПМНЕ:

„Состојбата во буџетот на Република Македонија е катастрофална и затоа власта на СДСМ и Заев удира по џебот на граѓаните. Заради тоа се поскапува струјата за цели 7,5%, со цел да се покрие неспособното и неодговорно работење
во изминатите три години. Но да биде уште полошо власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата.

Имено на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода која го распишала компанијата во износ од скоро 3 милиони денари или околу 50
илјади евра за потребите на РЕК БИТОЛА. Компанијата која за да го заштити својот профит бараше поскапување на струјата во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК БИТОЛА.

Со други зборови народот ќе плаќа поскапа струја за 7,5%, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од скоро 3 милиони денари или 50 илјади евра. Ова е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на
СДСМ и ЗАЕВ. Тие изминатиот период во енергетските компании кај што платите се далеку над просекот вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење.

Со ова покачување, Македонија стана една од државите во Европа во која граѓаните плаќаат највисока цена споредено со просечната плата. Со оваа одлука директно се удира по стандардот на граѓаните во услови на епидемија со
коронавирусот. Македонија е единствената земја во регионот и пошироко која во ваква здравствена криза покачува енергенс, кога сите останати или ги задржуваат цените или ги намалуваат. Народот исто така не смее да ја плаќа цената на енормното задолжување од 1 милијарда евра во само три месеци, кое беше злоупотребено за изборен поткуп.

Тоа што пред изборите им го даваа на дел од граѓаните со лажичка, сега сите ние ќе треба да го враќаме со лопата.
Наместо политикантство потребни се конкретни планови и стратегии со кои Македонија ќе се извади од здравствената, но и економската криза која секој ден ги осиромашува граѓаните на Република Македонија. Со власта на Заев и СДСМ нема ни стратегија, ни план како тоа да се направи. Од нив гледаме само интерес како со јавни набавки да се исцицаат народните пари, додека народот и стопанството се гушат во немаштијата,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал