Жителите на Цетиње на духовит начин му порачаа на основачот на „фејсбук“, Марк Цукерберг дека веќе подолго време нивното место Цетиње не може да се означи на социјалната мрежа под вистинското име, туку наместо буквата Ц се појавува буквата Ч.
-Ние не сме од Четиње, ние сме од Цетиње, велат тие.
Тие во прилог на нивната иницијатива за промена на буквата, испратија фотографија до локалните медиуми со Марк на која пишува: „I’m not from Četinje, I’m from CETINJE”. (Јас не сум од Четиње, јас сум од Цетиње).
За да Цукерберг разбере која е разликата, место Ц во неговото презиме ја напишале буквата Ч.