Албанска манекенка и српски возач на „Убер“ во конфликт поради албански песни

Од:

Албанската манекенка Лорена Халити напиша на својот профил на Твитер дека добила забрана за користење на компанијата за превоз „Убер“ поради тоа што за време на едно возење, на возачот, кој бил Србин, му пуштала албански песни.

Возачот упатил жалба до агенцијата за која работи манекенката, во која наведува дека таа според името препознала дека тој е Србин, по што „директно го провоцирала“, пуштајќи албанска музика цело време додека траело возењето. Според возачот, ова не било во ред, затоа што тој коректно и професионално си ја извршувал работата.

Халити, која на социјалните мрежи се претставува како „модел и инфлуенсер“, на Твитер го објави мејлот испратен од возачот до агенцијата и напиша дека нема да остане безгласна, обвинувајќи го Убер дека со забраната што компанијата ѝ ја изрекла без понатамошна истрага, „промовира ксенофобија и етнички расизам.“ Според манекенката, ова е одвратно и не може да се толерира.

Во писмото до работодавачот на Халити, возачот напишал и дека односите меѓу Албанија и Србија и натаму се чувствителна тема, како и дека во војната го изгубил таткото и дека е сигурен дека манекенката уште побргу би се жалела до Убер, доколку тој нејзе би ѝ пуштал српски песни.

„Замислете свет во кој Германец пушта нацистичка музика на еврејски возач. Или во кој личност од Турција му пушта турска музика на возач од Ерменија“, напишал возачот.

Би можело да ве интересира

Србин дошол на одмор, убил маж и киднапирал две жени

Горан Наумовски

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија

Позната руска манекенка убиена во терористичкиот напад во Москва

А1он

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

Србин во Дрезден се обидел да ја убие поранешната девојка