Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Од:

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби на АКМИС-системот.

Панчевски првпат се појави на судењето во велешкиот суд пред две недели. Инаку, на судењето на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, тој сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Панчевски е осуден за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според обвинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен