24-годишен жител на радовишко село под истрага за силување на сопствената баба

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела – Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

А1он

18-годишно момче од Скопје силувало 20-годишна девојка

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски