Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.
Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.
Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
На отворањето, ќе се одржи концерт со наслов „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша Тофовиќ,“ посветен на оперската дива со чиј настап е отворено првото „Охридско лето“.
Оваа година, околу јубилејното фестивалско издание имаше извесни контроверзи, откако беше објавен документ со програма на фестивалот, во кој пишуваше дека како дел од оф-програмата ќе настапи српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ. По бурните реакции во јавноста, концертот беше откажан.