Охридски еко-активисти бараат итно да се постават столпчиња на новите велосипедски патеки во градот

Од:

Неформалната еколошка организација Чист Охрид бара од градските власти да ги довршат започнатите велосипедски патеки во градот, како и да се постават заштитни столпчиња со кои патеките би се одвоиле од коловозните ленти на улиците.

„Силно ги поздравуваме (и ги поздравивме) заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, но, нивниот концепт мора да се унапреди и доработи. Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.

Освен обележувањето на патеките, ситуацијата на улиците каде што се наоѓаат е идентична како порано. Како организација бараме под итно поставување на столпчиња на патеките, со цел заштита на животот и поголема безбедност на велосипедистите во градот кои се еднакви учесници во сообраќајот.

Автомобилите доминираат, а новите патеки се окупирани од нив што го отежнува транзитирањето. Освен ова, во иднина бараме и целосна заложба на локалната власт во подобрувањето на велосипедската инфраструктура,“ велат од „Чист Охрид“.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски