ФОТО: Општина Струмица ќе ги поддржи здруженијата на граѓани со 2,6 милиони денари

Од:

Општина Струмица со 2,6 милиони денари ќе ги поддржи здруженијата на граѓани во оваа 2013 година. Јавниот повик за прибирање проекти од областа на локален економски развој, социјална заштита, култура, образование, заштита и унапредување на животната средина, млади и младински  политики ќе биде објавен на седми мај и ќе тече во наредните десет дена, информираше Тони Милушев раководител на одделението за Локален економски развој при општина Струмица на денешната средба со претставниците на здруженијата на граѓани.

– Општина Струмица во своите проограми, односно програмата G1 поддршка на ЛЕР,  има планирано два милиони денари кои ги става на располагање на здруженијата на граѓани заради реализација на проекти од областа на  локалниот економски развој вклучувајќи ги и културата, образованието, здравството и други проекти кои се однесуваат на локалниот економски развој во општина Струмица.

– Исто така и во  програмата V2, програма за социјална заштита, има проектирано 600 илјади денари за здруженијата на граѓани кои работат на социјалната заштита. Намерата ни е општина Струмица јавно да ги информира сите здруженија на граѓани и воедно да ги покани додека трае јавниот повик да подготват свои проекти и да ги достават до одделението за Локален економски развој и во рамките на спроведувањето на процедурата, соодветна комисија ќе ги разгледува и ќе ги поддржи во рамките на утврдениот износ, рече Милушев.

Финансиската поддршка на здруженијата на граѓани од општина Струмица  за  оваа година година е дефинирана како мали грантови во висина до 120 илјади денари.

strumica-graganski (3) strumica-graganski (2) strumica-graganski (4) strumica-graganski (5)

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски