(ВИДЕО) Берлин: Илјадници луѓе по улиците протестираат против носењето маски

Од:

Илјадници демонстранти се собрани по улиците на Берлин, за да искажат незадоволство од мерките за борба со пандемијата на Ковид-19.

Демонстрантите тврдат дека мерките ги кршат нивните граѓански права и слободи.

Полицијата проценува дека на протестите имало околу 15.000 луѓе, а меѓу нив имало и мал број ултрадесничари кои носеле знамиња од империјалистичка Германија, пренесува Ројтерс.

„Нашите барања се да ја вратиме демократијата“, изјави еден од учесниците на протестите каде што никој не носеше заштитна маска.

Протестите избија откако претприемачот Мајкл Балвег упати повик. Балвег беше организатор на слични протести во Штутгарт, каде се кандидираше за градоначалник.

„Наше барање е да се вратиме во демократија“, рече еден од демонстрантите, кој како и повеќето други демонстранти, не носеше заштитна маска.

За разлика од некои други европски земји, Германија беше помалку погодена од пандемијата. Сепак, по првичниот успех, бројот на заразени со вирусот повторно почна да расте. Во моментов има повеќе од 210.000 случаи на заразени и скоро 10.000 смртни случаи од оваа болест во земјата.

Повеќето луѓе се придржуваат кон мерките за заштита како што е носење маски во продавниците, а владата неодамна воведе задолжително тестирање за патниците кои се враќаат во земјата од области со висок ризик.

Сепак, мал број на граѓани се спротивставуваат на мерките против ковид 19, потенцирајќи дека тие се во судир со граѓанските права и слободи и дека имаат негативно влијание врз општеството и економијата.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски