Околу 500.000 лица се собраа на улиците ширум Куба

Од:

Околу 500.000 лица денес се собраа во градовите ширум Куба, по повод 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот.

Во текот на собирот во главниот град на Куба, насобраните граѓани му одадоа почит на поранешниот претседател на Венецуела Уго Чавес, кој почина на 5-ти март.

Единствениот говорник на денешниот собир, Салвадор Валдес од Комунистичката партија на Куба, рече дека починатиот претседател на Венецуела беше најдобриот пријател на Куба.

Манифестациите на Куба беа организирани во утринските часови, со цел да се избегнат високите температури, а присуствуваа и делегации на синдикати на повеќе од 70 држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД