Најмалку 17 лица се убиени во Авганистан во силна експлозија на автомобил-бомба во провинцијата Логар, јави Би-Би-Си.
Експлозијата се случи во пресрет на примирјето што го објавија Талибанците за време на претстојните верски празници.
Талибанците не преземаа одговорност за нападот, ниту групата Исламска држава.
-Се верува дека нападот го извршил бомбаш-самоубиец, изјави портпаролот на гувернерот на Логар, Дедар Луанг.
Експлозијата се случи во близина на канцеларијата на гувернерот, каде што многу луѓе пазаруваа за празниците.
– Терористите удрија повторно во ноќта на празникот Еид ал-Ада и убија голем број наши сонародници, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Ариан.
Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид изјави дека нападот нема „никаква врска“ со нив.