Индустриското производство во јуни пониско за 15,1 отсто, во првите шест месеци намалување од 14,6 отсто

Од:

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пад од 15,1 отсто, додека за период јануари – јуни годинава во однос на тој период лани има намалување од 14,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5 отсто, во секторот пеработувачка индустрија опаѓање од 14,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на тутунски производи, текстил, облека, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај енергијата за 24 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 10,7 отсто, капитални производи за 22,5 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 41,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата