Владата на Хонг Конг денеска соопшти дека 12 кандидати на опозицијата за претстојните избори за места во градскиот законодавен совет се дисквалификувани и оти уште голем број на други луѓе би можеле да се соочат со слична одлука во иднина.
Владата соопшти дека заговарањето на самоопределување, барање интервенција на странски влади или во принцип изразување приговор на новиот закон за национална безбедност се однесувања кои не би можеле искрено да го поддржат мини-уставот на градот.
Меѓутоа, не станува збор за никаква политичка цензура, ограничувања на слободата на говор или лишување од правото за кандидирање на изборите, како што тврдат некои членови на заедницата, се вели во соопштението на Владата.