Владимир Бахчовановски од денеска се смести во директорската фотелја на Државната Лотарија на Македонија.
Иако медиумите шпекулираа дека оваа функција ќе ја добие Филип Петровски, по неговото враќање во ВМРО-ДПМНЕ, сепак постариот кадар на владеачката партија, Бахчовановски, е избран за ова место.
Петровски засега останува негов заменик.
а истоврмено тој ќе ја врши и функцијата претседател на Управниот одбор на државната компанија за игри на среќа.
Бахчовановски како дел од „бранот“ промени во ВМРО-ДПМНЕ, беше сменет од раководната функција на Ревизорското тело за претпристапна помош. Беше и директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и директор на Јавното претпријатие Македонски шуми.