Сестрите Ана и Луси Десинк некогаш беа прогласени за „најидентични близначки“ на светот.
Тие, како познати ТВ лица, во новото интервју за една австралиска телевизија, открија дека сакаат да забременат истовремено, и тоа од истото, заедничко момче…
Имено, иако претходно имале посебни врски, сега веќе девет години се во врска со исто момче. Тој се вика Бен и „ги прифаќа такви какви што се“, како што вели Ана.
– Ако Бен ја бакне едната, веднаш ќе ја бакне и другата. А, секогаш нѐ разликува, дури и преку телефон, додаде Луси.
Во однос на тоа дека имаат намера да забременат во истовреме, Ана вели дека иако „тоа некому ќе му звучи необично“, тоа е нивниот начин на живот и така сакаат да живеат.