Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година

Од:

Францускиот производител на автомобили Рено претрпе најтешка загуба во својата историја во првите шест месеци од 2020 година, во износ од 7,3 милијарди евра.

Групацијата, која веќе беше во тешка состојба пред пандемијата на новиот коронавирус, и која на крајот на мај најави намалување на 15.000 работни места ширум светот (од кои 4.600 во Франција), посочи дека се откажува од секоја прогноза за финансискиот резултат за 2020 година, наспроти неизвесностите поврзани со пандемијата со Ковид-19.

– Ситуацијата е без преседан, коментираше новиот генерален директор Лука де Мео, кој ја презеде функцијата на почетокот од овој месец.

Историската загуба главно се објаснува со придонесот на производителот на автомобили Нисан, во кој Рено поседува 43 отсто од капиталот. Бројките се во спротивност со оние на францускиот ривал ПСА (Пежо, Цитроен) кои успеаја да заработат пари во првото полугодие и покрај кризата, со чиста добивка од 595 милиони евра. Но, Рено (во кој спаѓаат и брендовите Дачија, Лада, Алпин и Самсунг Моторс) страда од производство на прекумерен капацитет на светско ниво. Групата беше особено погодена од падот на пазарот поврзан со здравствената криза.

Прометот опадна за 34,3 отсто во текот на првите шест месеци од годината на 18,4 милијарди евра. Оперативната маргина падна нагло на минус 1,2 милијарди евра. Рено го проценува негативното влијание од здравствената криза на 1,8 милијарди. Оваа маргина беше позитивна од 1,7 милијарди евра во првата половина од 2019 година.

Производителот најави отпис на средства за 445 милиони евра, со цел да се земат во предвид „ревидираните претпоставки за волуменот“ „за одредени возила“, како и одредби за надоместоци за реструктуирање за 166 милиони евра „главно поврзани со планот за рано заминување во пензија во Франција“.

На крајот, неуспехот на стратегијата на групата во Кина е забележан и на сметките со 153 милиони евра капитални загуби од продажбата во оваа земја, поврзано со продажбата на акциите на Рено во својата заедничка подружница со Донгфенг Мотор корпорација. Рено објави дека се откажува од продажба на автомобили на термички погон во Кина во насока на фокусирање на тешки и електрични возила. Овие трошоци се рефлектираат во загубата на работење што достигна две милијарди евра, наспроти профитот од 1,5 милијарди минатата година за истиот период.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска