Средба Димитров-Дендиас во Атина

Од:

Шефот на дипломатијата Никола Димитров објави на својот Фејсбук профил дека вчера за време на работната посета на Грција, во Атина имал средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

-Разговаравме за добрите билатерални односи и можноста да ја исполниме новата страница на пријателство со конкретни проекти од заеднички интерес. Зборувавме и за нашата ЕУ иднина, актуелните прашања во регионот и во светот, со акцент на пандемијата и како да се справиме со предизвиците со кои сите се соочуваме, напиша Димитров.

За средбата се огласи на Твитер и шефот на грчката дипломатија, кој напиша дека со Димитров разговарале за соработката меѓу двете земји во борбата против Ковид-19, актуелните состојби во регионот, а при тоа му честитал и за изборот на пратеник во Собранието.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски