Porsche 911 Turbo е есенцијата на спортскиот автомобил со високи перформанси, секојдневна употребливост и традиција од 45 години. По лансирањето на пазарот на 911 Turbo S, сега се воведува следната генерација 911 Turbo Coupé и Cabriolet, кои се помоќни и побрзи, со индивидуален дух.
Благодарение на нивните мотори од 580 КС, за 40 КС повеќе од претходниците, и двете варијанти влегуваат под магичната бројка од три секунди до 100 км на час со време од 2,8 секунди (0,2 секунди побрзо). Вртежниот момент сега изнесува 750nm, што е за 40nm повеќе од претходната генерација.
Забрзувањето, моќноста и вртежен момент на новиот 911 Turbo ги надминува сите досегашни 911 Turbo S генерации. Преносот на моќноста се пренесува до тркалата преку осум степениот PDK менувач, додека максималната брзина останува непроменета на 320 км на час. Дополнителните пакети на опрема како што се спортскиот пакет и пакетот со лесен дизајн, спортска шасија и спортски издувен систем се достапни за 911 Turbo за прв пат. Како резултат на тоа, клиентите ќе можат да го прилагодат своето возило уште повеќе кон нивните индивидуални вкусови.
Новите спортски автомобили следат по престижните стапки, бидејќи 911 Turbo е синоним за луксуз и перформанси од своето лансирање на пазарот во 1975 година. Секоја генерација продолжи да живее според тврдењето дека е глобален репер за спортски автомобили со високи перформанси. 911 Turbo комбинира спортски перформанси со секојдневна употребливост, емоционална динамика со сигурност и возбудлива изведба со ефикасност. Најновата генерација е повеќе од двојно помоќна од оригиналниот Turbo, кој се придвижуваше од три литарски мотор со 6 рамно поставени цилиндри и еден турбо полнач, што нудеше максимални 260 коњски сили. Иако 911 Turbo еволуираше во големина, брзина и удобност со текот на годините, тој секогаш ги задржа своите основни карактеристики.
Новиот 6 цилиндричен боксер мотор од 3.8 литри во 911 Turbo може да се пофали со зголемена моќност од 580 коњски сили и сега има симетрични VTG турбополначи со електрично контролирани бајпас вентили. Во врска со неговиот редизајниран систем за ладење на воздухот и употреба на пиезо-инјектори, ова ја подобрува реакцијата, перформансите, карактеристиките на вртежниот момент и неговата можност за слободно достигнување на вртежниот момент.
Шасијата и каросеријата станаа пошироки. Предната оска сега се управува уште попрецизно благодарение на дополнителните 42 милиметри ширина на предната оска и нови гуми од 20 инчи 255/35. Активната контрола на сите тркала PTM сега е во можност да пренесе уште поголема моќност на предните тркала додека преносот кај активната задна оска е зголемена за 10 mm, како и со гуми 315/30 на 21-инчни тркала – еден инч повеќе отколку на предната оска. Преработениот систем за сопирање е уште помоќен и може да се препознае по црвените калипери кои доаѓаат како стандардни. Сивите дискови на сопирачките од леено железо од предната страна сега се со дијаметар од 408 mm (28 mm повеќе од порано) и се широки 36 mm (два милиметри повеќе). Задната оска има дискови за сопирање со широчина од 30 mm и со дијаметар од 380 mm.
Спортски издувен систем за прв пат, опционално е достапен во 911 Turbo. Две различни варијанти на шасија се исто така нови: додека стандардната шасија PASM нуди поголема варијација помеѓу перформансите и удобноста, а значително е поцврста, контролата на спортската суспензија е електрично контролирана и придонесува за поголема агилност на новиот 911 Turbo. Неговото поставување е насочено кон подобрување на динамиката на автомобилот и обезбедува уште поголема стабилност при брзото возење, како на пример кога возилото се користи на тркачки патеки. Опционалниот PDCC хидрауличен активен anti-roll bar за стабилизација на системот и PCCB керамички сопирачки систем со десет клипни и фиксни калипери на предниот дел ја подобруваат динамиката на возење на новиот модел уште повеќе.
Дизајнот на 911 Turbo стана уште по мускулест. Телото на 911 е проширено за 45 mm на 1.840 mm на предните тркала за да се смести новата шасија, додека новата впечатлива линија на хаубата го потенцира спортскиот карактер на автомобилот. LED предните светла со PDLS Plus перфектно го осветлуваат патот . На задната оска, телото е сега точно 1,90 метри (20 mm повеќе). Други одлични одлики на новиот 911 Turbo се неговата подобрена адаптивна аеродинамика, која се карактеризира со електронски контролирани отвори за ладење на воздухот од предната страна, неговиот поголем активен преден спојлер и значително поголем заден спојлер.
Влезовите на воздухот на задните странични панели, толку карактеристични за 911 Turbo, сега превземаат процесиран воздух, во замена на ладниот воздух како што беше до сега, додека ладилниците за воздухот сега се позиционирани директно во протокот на воздухот под задниот капак. Континуираната светлосна лента со своите LED светла на задниот дел, како и новата обвивка на задната маска на капакот со сребрени ленти, го заокружуваат дизајнот на задниот дел од автомобилот.
Изгледот и перформансите на возилото можат дополнително да се заострат со дополнителните пакети за дизајн. Пакетот за лесен дизајн (Lightweight Package) ја намалува тежината на возилото за 30 килограми. Меѓу другото, ова е можно со употреба на лесни седишта со целосна корпа, испуштање на задните седишта и вклопување на помалку изолација, што исто така значи дека возачите можат да уживаат во звукот на моторот уште по директно. Спортскиот пакет се одликува со пакетот 911 Turbo Sport Design, како и дополнителни функции во црна боја или карбон, како и ексклузивните светла во задниот дизајн.
Основните елементи на современиот ентериер одговараат на оние од 911 моделите Carrera со Porsche Advanced Cockpit и Директната контрола на допир. Централниот екран на PCM сега е 10,9 инчи и може да се управува брзо и без одвраќање благодарение на новата архитектура. Специфично, високо квалитетната опрема и екстензивната листа на дополнителна опрема опфаќа целосно електрично контролирани 14-насочни спортски седишта, пакет Sport Chrono, спортски управувач GT со лопатки за промена на брзина, прекинувачи за повеќе функции и режими, како и моќен систем за опкружувачки звук BOSE®. Бројни опции се достапни за понатамошна персонализација, вклучително и Porsche InnoDrive со адаптивна контрола на крстарење, систем за одржување на лента со препознавање на знаци на патот, помошник за ноќно возење, опкружување и системот за опкружувачки звук на Burmester®.