Хонг Конг: Четири лица уапсени поради кривични дела кон новиот закон

Од:

Полицијата во Хонг Конг уапси четири лица, на возраст меѓу 16 и 21 година, поради сомнеж дека извршиле кривични дела кон новиот Закон за национална безбедност на тој град.

Тоа се први апсења од таков вид, независно од уличните протести, откако законот стапи во сила пред еден месец.

Портпарол на полицијата истакна дека три момчиња и една девојка се осомничени дека учествувале во онлајн група, која ветила дека ќе ги употреби сите можни средства со цел да се избори за независност на Хонгконг.

Началникот во одделот за национална безбедност Ли Кваи-вах изјави дека тие се уапсени поради субверзија и организирање и поттикнување сецесија.

– Тие планирале да ги обединат сите независни групи во Хонгконг во однос на промовирање независност на Хонгконг, нагласи Ли.

Полицијата соопшти дека во акцијата биле запленети неколку мобилни телефони, компјутери и документи.

Новиот закон ги криминализира сецесијата, субверзијата, тероризмот и договорите со странски сили.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше