ДЗС алармира за зголемена опасност од пожари на отворено

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување согласно законот за заштита и спасување и Законот за шумите алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

-Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари- ЈП Национални шуми, Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно, посочуваат дека се подготвени во секое време да делуваат со своите материјално-технички и човечки ресурси.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата

Гореше сува трева во атарот на скопското село Булачани

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on