Бугарските социјалисти го напуштија собранието поради несогласување со ГЕРБ за парите за антикризните мерки

Од:

Средствата наменети за антикризните мерки предизвикаа скандал во бугарскoтo собрание за време на денешната седница. По ескалација на состојбата, а поради претходни тензии, претставниците од Бугарската социјалистичка партија излегоа од пленарната сала, информираат локалните медиуми.

Бугарските социјалисти уште еднаш побараа оставка од владата на мнозинската партија ГЕРБ и рекоа дека не се согласуваат со социо-економските мерки преземени поради коронавирусот. Пратениците во законодавниот дом побараа и точен извештај за трошењето на парите, како и бројките да бидат објаснети лично од страна на премиерот Бојко Борисов.

Лидерот на БСП, Корнелија Нинова, го повика Борисов да дојде во салата и со бројки да објасни за што станува збор и да се соочи со прашањата на опозицијата, а за кои јавноста сака да чуе.

Неколку минути подоцна пратеникот Георѓи Свиленски директно побара владата да си даде оставка. А Филип Попов од БСП рече дека точките се веќе исцрпени и дека нема што понатаму да се зборува.

Во соседна Бугарија денес ќе продолжат антивладините протести на улиците во главниот град на државата, јавија бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна