Ли Шенгву, внукот на премиерот на Сингапур, Ли Сјенлунг, денеска е прогласен за виновен за непочитување на судот и осуден на парична казна од околу 11.000 американски долари.
Во коментар на својот профил на Фејсбук, Шенгву напиша дека судството во Сингапур е „пристрасно и произволно“, а на почетокот на оваа година изјави дека решил да не учествува во процесот што се води против него.
Неговите изјави предизвикаа остар конфликт во семејството на основачот на Сингапур Ли Кван Ју.
Претставник на Врховниот суд потврди дека пресудата е донесена и оти Ли ќе мора да оди во затвор една недела ако одбие да ја плати казната.