Кармело Ентони сака да се пензионира во Њујорк

Од:

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони сака да ја заврши кариерата во Њујорк никс, објави новинарот Марк Берман од „The New York Post“.

Оваа сезона, во која некогашната ѕвезда се врати во НБА откако паузираше повеќе од една сезона, Ентони имаше просек 15,3 поени и 6,3 скока по натпревар.

Договорот на 36-годишниот Американец со Портланд важи до крајот на тековната сезона.

Ентони играше за Њујорк од 2010 до 2017 година. За тоа време стана учесник во НБА „ол-стар натпреварот“ седум пати. Во сезоната 2012/13 стана најефикасниот кошаркар на крајот на основниот дел од сезона со просек од 28,7 поени за натпревар.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он