Сашо Лазаровски избран за претседател на Советот на општина Карпош

Од:

Сашо Лазаровски е избран за претседател на Советот на општина Карпош на втората општинска седница.

Поддршката ја доби со 14 гласа „за“ од советниците од советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СНСМ.

Лазаровски, како што соопшти општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, го напушти местото заменик министер за локална самоуправа со цел да придонесе колку што може повеќе за жителите од својата општина.

stevce-opstina

Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош освои најголем број гласови на локалните избори.

– Лазаровски се заблагодари на поддршката и го изрази свето убедување дека ќе има успешна соработка со сите советници, без разлика од која политичка партија и припаѓаат, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров