ВИДЕО: Голем пожар во бизнис-центар во Анкара

Од:

Голем пожар зафати деловен центар во турската престолнина Анкара, објави весникот „Сабах“. Пожарот избувнал од петтиот кат на зградата околу 17.30 часот по локално време.

Пожарникарите бргу пристигнале на местото на настанот, по што започнала борбата со стихијата. Во акцијата се
евакуирани десетици луѓе што се наоѓале во просториите на деловниот центар, пренесе националната турска телевизија ТРТ.

Според очевидците, чадот многу бргу се издигнал од внатрешноста на зградата, кој бргу ги зафатил и горните катови.

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати. Целиот кварт е блокиран од полицијата, а противпожарната бригада се справува со огнот.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес