Португалските власти соопштија дека трката во Портимао ќе се одржи со гледачи. Големата награда на Формула 1 ќе се одржи во Португалија од 23 до 25 октомври, пренесува „Грандија“.
Организаторите на трката „Нирбургринг“ исто така се надеваат дека навивачите ќе можат да присуствуваат на настанот. Германската етапа од Ф1 е планирана за периодот 9 – 11 октомври.
По три трки од почетокот на сезоната во Формула 1 доминираат возачите на Мерцедес кои забележаа три победи. Две Луис Хамилтон и една Валтери Ботас.