Германската покраина Баварија воведува станици за тестирање на Ковид-19 на граничните премини со Австрија.
Премиерот на Баварија, Маркус Седер изјави дека сака сите што влегуваат во Баварија да се тестираат, а се залага и во Берлин да биде усвоена законска основа за обврзно тестирање на патниците при влез во Германија.
Седер бара да се тестираат сите патници кои влегуваат во Германија по копнен, железнички или воздушен пат.
Тој додаде дека Баварија се подготвува да почне со обврзното тестирање откако сојузната држава ќе создаде законски услови.