Италија стравува од егзодус, најмногу мигранти од Тунис

Од:

Од почетокот на годинава во Италија досега допатувале повеќе од 4.000 државјани на Тунис, кои се најбројна група меѓу мигрантите што секојдневно пристигнуваат на италијанскиот остров Лампедуза.

Владата во Рим стравува дека би можел да се повтори егзодус, како во 1991 година, кога десетици илјади Албанци со бродови пристигнаа во Италија.

Токму поради тоа, италијанската министерка за внатрешни работи Луцана Ламоргезе денеска заминува во Тунис, каде со својот колега ќе разговара околу мерките за спречување на илегалната миграција.

Економската ситуација во Тунис е многу тешка, стапката на невработеност е голема и илјадници млади луѓе се подготвуваат да заминат во Европа, а најблиска дестинација на Стариот континент е токму островот Лампедуза, до каде за само неколку часа може да се доплови со бротче или чамец.

Тунис е една од ретките земји со кои Италија има договор за депортирање мигранти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија