Деветмина Турци се вклучени во класификацијата на 500-те највлијателни личности во светот на списанието „Форин полиси“.
Меѓу највлијателните личности се турскиот претседател Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз, министерот за финансии Мехмет Шимшек, претседателот на главната опозициска Народнорепубликанска партија Кемал Калачдароглу, раководителот на турското разузнавање МИТ, Хакан Фидан.