Тројца британски војници загинаа во бомбашки напад врз автомобилот со кој патувале во јужната авганистанска провинција Хелманд, соопшти британското министерство за одбрана.
Нападот бил извршен со рачно изработена бомба.
Војниците добиле итна медицинска помош и биле евакуирани по воздух до воената болница во Кемп Бастион, но им подлегнале на повредите.