САД ќе плаќаат уште поскапо за испраќање астронаути во Вселената

Од:

Цената на патувањето до Меѓународната вселенска станица вртоглаво е зголемена, а НАСА на Русија ќе и плаќа по 70,7 милиони долари за секој астронаут, кој руската вселенска агенција ќе го изведе во орбитата во 2016 и 2017 година, јави ДПА.

НАСА и Роскосмос потпишаа спогодба за изведување во Вселената на шестмина американски астронаути, кои ќе бидат испратени во мисии во МВС.

Цената согласно претходната спогодба, која важи до крајот на 2015 година, изнесуваше 62,7 милиони долари. Откако во 2011 година Американците ги „пензионираа“ своите вселенски летала, сега тие сметаат на рускиот вселенски брод „Сојуз“ за лансирање на астронаути во Вселената.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ