Новата француска подморница „Суфрен“на нуклеарен погон се очекува во матичното пристаниште во Тулон

Од:

Новата француска подморница за напад на нуклеарен погон„Суфрен“ се очекува да пристигне во матичната воена база во Тулон, настан кој е од големо значење за француската доктрина на нуклеарна дисуазија (одвраќање), но кој поминува скоро незабележано.

„Суфрен“ е првата од песте француски подморници до класата Баракуда, која е изградена во бродоградилиштето во Шербург, каде ги заврши првите тестови под контрола на француската индустриска група Навал Груп и Генералната дирекција за вооружување. Екипажот на „Суфрен“ по пристигањето во Тулон треба да се одмори, по тестовите за нејзиниот погон и начин на маневрирање. По одморот се предвидени тестови на борбениот систем кои ќе се одвиваат во Средоземното море се до октомври.

Тешкиот инцидент- пожарот, кој се случи на 13 јуни со подморницата „Перл“ (Бисер) изградена во 1993, кој беше на генерална ревизија во Тулон, што требаше да и го продолжи животниот век најмалку до 2030, според експертите, поради пожарот кој траеше цели 14 часови сигурно нема да и дозволат да се врати во употреба.

Ако се процени дека „Перл“ може да биде поправена и да продолжи со службата, цената на поправката може да биде превисока за армијата, поради што ќе треба да се забрза програмата со подморниците од типот Баракуда. Последната подморница од овој тип требаше да и биде предадена на француската воена морнарица во 2029 година и тие треба да бидат во служба до 2060 година. Нуклеарните подморници се еден од клучните елементи на француската нуклеарна одбранбена политика.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата