Полицијата приведува група трговци со артефакти

Од:

Во текот на ноќта и утринава полиција приведе неколку лица поврзани во група која тргувала со предмети од културно- историско наследство. При претресите кај уапсените се пронајдени икони и значајни артефакти. Акцијата на МВР следува по неколкуте кражби на стари и вредни икони низ црквите.

Во полицијата потврдуваат дека во тек е акција и најавуваат детали за попладневните чаови откако сите осомничени ќе бидат приведени и испрашани во полициска станица.

Не се исклучува тие да бидат изнесени и пред истражен судија со барање да им се одреди притвор. МВР се уште не открива од каде се и кои се приведените, но неофицијално има од неколку места низ државата, а се споменуваат и вработени низ Управата за културно наследство.

Не се открива и колку предмети се откриени и дали кај оваа група се наоѓаат иконите кои во последните месеци изчезнаа од храмовите на МПЦ. Непозната е и шемата- каде ги криеле и каде ги продавале вредните артефакти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас