Пожар во стан во центарот на Штип, сопственикот со тешки изгореници

Од:

Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на градот.

Пред половина час возило нa Итната медицинска помош го транспортирала во болницата.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.

Штипјанецот, кој во моментов не се знае на која возраст е, настрада во пожар во неговиот стан, кој се случил пред еден час.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда. Причините за пожарот се уште не се знаат, но се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат