Ештон и Филе: Украина да го преиспита случајот на Тимошенко

Од:

Украина по денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права мора да ја преиспита постапката против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, порачаа во заедничкото соопштение, шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и комесарот за проширување Штефан Филе.

-Пресудата ја потврди нашата повеќе пати истакната загриженост во врска со арбитрарната постапка кон Тимошенко – стои во соопштението кое што е издадено неколку часа откако судот во Стразбур оцени дека поранешната премиерка беше неоправдано притворена, пред две години кога беше обвинета за корупција.

Ештон и Филе побараа Украина да ја преиспита постапката на поранешната премиерка, која во текот на судењето, на кое што е обвинета на седумгодишна затворска казна, тврдеше станува збор за монтиран случај.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски