Луксембург е добро место за заработувачка на жените

Од:

Вработените жени во Луксембург веројатно се единствени во светот кои заработуваат повеќе од сонародниците.

Просечно вработените жени во оваа мала европска држава заработуваат 45.767 евра, додека просечната заработка на мажите е 3 проценти помала и изнесува 44.224 евра, според истражувањето на Статек за 2010 година.

Оваа разлика во платите е објаснета со фактот дека жените во Луксембург најчесто работат во секторите каде што се повисоки платите, како што се образование, банкарство или осигурителни компании.

Во овие сектори работат 26 проценти од жените, а само 15 проценти од мажите.

Овој резултат е исто така и последица од фактот дека за прв пат во овој вид на истражување е вклучен и јавниот сектор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ