Стојменов се скара со инспекторите кои му го затворија градилиштето во Центар

Од:

Општина Центар го затвори градилиштето каде порано беше хотелот „ТЦЦ Плаза“, бидејќи инвеститорот без одобрение за градба вршел градежни работи. На затворањето му претходеше расправија помеѓу инспекторите и инвеститорот Борис Стојменов, кој обвини и дека му било побарано мито кое тој не го платил, па затоа, сега не му даваат ни да гради.

Градоначалникот на Центар, соопшти дека на инвеститорот му било издадено и решение за отстранување на градбата кое тој не го испочитувал.

„Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот.

На 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај се инвеститорот, самоволно, ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба”, тврди градоначалникот Богдановиќ.

Работниците коо биле затекнати на градилиштето биле отстранети со полиција, додава Богдановиќ, по што, против инвеститорот ќе се поведе и постапка пред надлежните органи бидејќи постапувал спротивно на решенијата.

Инаку, градбата на објектот е стопирана со воведениот мораториум во Општина Центар, според кој, градоначалникот не смее да издава решенија за градба, а со тоа, инвеститорот не смее да врши градежни раблти.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Стојменов вторпат се самоурива кај „Беко“, ќе поднесе ново барање за градба

Маја Илиевска-Пачемска