Бројот на пациенти хоспитализирани поради коронавирус на Флорида се зголеми за над 83 проценти во период од 20 дена.
Според податоците што Агенцијата за здравствена заштита ги доставила до телевизијата Си Ен Ен, на 4 јули 5222 пациенти биле во хоспитализирани поради Ковид-19 во таа американска сојузна држава, а нивниот број сега изнесува 9.215.
Вкупно, повеќе од 400.000 заразени лица се регистрирани во таа сојузна држава од 1 март, а речиси 6.000 луѓе починаа.