Францускиот производител „Рено“ подготвува модерна верзија на популарниот Р5 Турбо, кој ќе биде претставен како „ТвинФан“.
Моторот на новиот концепрт на Рено ќе биде сместен во задниот дел со погон на задните тркала.
Рено на 24 мај во Монако, на трката на Ф1, ќе претстави ново концепт возило.
Малиот концепт на францускиот производител, кој се очекува да биде наследник на легендарниот Рено 5 Турбо, ќе се вика „ТвинФан“. Доказ за тоа е странично поставениот голем број пет.
Не изненадува фактот што Рено се одлучи новиот концепт да го претстави на Монако ГП, бидејќи осум возила на Ф1 трката се придвижувани ов мотори на францускиот производител. Минатата година Рено на истата трка го претстави концептот Алпина А110-50.