СДСМ: Демократскиот и европски концепт, зад кој застанаа граѓаните, води кон европска и сигурна иднина

Од:

„Демократскиот и европски концепт на СДСМ, зад кој застанаа граѓаните, води кон европска и сигурна иднина, развојна економија и правда.

Граѓаните на Република Северна Македонија се одлучија за демократскиот и европски концепт на СДСМ, кој води напред кон Европа, кон нова развојна економија, кон сигурна иднина и правда.

Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност“, велат од СДСМ.

„Одиме напред уште подобро, со конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат потребите на граѓаните, со ефикасни планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата. СДСМ има решенија и има капацитет нив да ги реализира уште подобро и уште повеќе.

Членството во НАТО е завршена работа, можеме и во ЕУ. Владата предводена од СДСМ ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата.

Во наредниот период не очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден.

Иднатата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди конкретни политики кои ќе обезбедат подобар економски стандард за сите и конкретни реформи и резултати на полето на правдата.

После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка.

Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница.

Граѓаните се одлучија за напредок, развој и европска иднина, СДСМ со целиот свој потенцијал и капацитет тоа ќе го реализира“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат